Работно време: Пон. – Пет. 8:30 a.m. – 4:30 p.m.

Уметност
Историја
Култура

За нас

Добредојдовте

Амамот се наоѓа на левиот брег на реката Пена, во централното градско подрачје на Тетово. Во негова непосредна близина се наоѓаат Шарената Џамија со турбе и чешма, урбанистичкото оформување на градовите во османлискиот период.

Стариот Амам со векови опстојува како сведоштво за начинот на животот во одреден временски период, што има релевантно значење од гледна точка на историјата и културата, особено поради неговата функција, архитектура, изворните материјали и техники на градба.

Изграден кон крајот на 15 век, амамот активно учествува во социо-културниот амбиент и во дефинирањето на интегралната градска слика на Тетово. Се претпоставува деко го изграадил Мехмед елеби, син на Исхак бег.

Со своите архитектонски, типолошки и стилки карактеристики постигнува особена вредност која се манифестира со чиста и јасна просторна организација. Амамот во основа е правоаголен објект, изграден со масивни уидови од грубо обработен камен и тули. Како покривни конструкции се употребени сводови куполи со различни димензи, се што е оформена разиграна петта фасада која му дава особена привлечност на објектот.

Повеќе

НАША МИСИЈА

Национален институт
Уметничка галерија во Тетово
'.esc_attr__('image', 'camelia').'

Национална Установа Уметничка Галерија во Тетово е единствената галерија во овој регион, кој игра важна улога во нашиот културен живот. Нашата цел е да се промовира уметност, а истовремено и едукација во областа на уметноста.Преку организиранје на изложби, ние се обидуваме да интегрираме уметноста во секојдневниот живот на нашите граѓани.

Меѓу другите, мисијата на нашата галерија е да води, информира и да ги инспирира локалните уметници, Лубителите на уметноста и на посетителите да бидат дел од нашата убава галерија, каде што ние:

Обезбедуваме квалитативен извор на уметнички дела

Создаваме интересни и атрактивни сцени, каде што уметниците можат да ја изложат и да ги продаваат нивните уметнички дела

Претставуваме и ги промовираме уметничките дела на уметниците преку изложби, традиционална уметничка колонија, работните групи, веб-страницата, итн

Овозможуваме консултации за маркетингот со уметниците кои се заинтересирани да изложуваат во различни насоки за ликовната уметноста.

Мисијата на сите галерии а и исто така и на нашата е да го охрабриме ценењето на уметноста и нејзината улога во општество , преку промовирање на млади уметници кои ни нудат уникатни и оригинални уметнички дела.

Наша желба е да ги исполниме вашите преференции во уметноста со инспиративните и уникатни дела.

Ви посакуваме добродојде!

Copyright © 2024 . All rights reserved.