Работно време: Пон. – Пет. 8:30 a.m. – 4:30 p.m.

За нас

Тетовска уметничка галерија

Амамот се наоѓа на левиот брег на реката Пена, во централното градско подрачје на Тетово. Во негова непосредна близина се наоѓаат Шарената Џамија со турбе и чешма, урбанистичкото оформување на градовите во османлискиот период.

Стариот Амам со векови опстојува како сведоштво за начинот на животот во одреден временски период, што има релевантно значење од гледна точка на историјата и културата, особено поради неговата функција, архитектура, изворните материјали и техники на градба.

Изграден кон крајот на 15 век, амамот активно учествува во социо-културниот амбиент и во дефинирањето на интегралната градска слика на Тетово. Се претпоставува деко го изграадил Мехмед елеби, син на Исхак бег.

Со своите архитектонски, типолошки и стилки карактеристики постигнува особена вредност која се манифестира со чиста и јасна просторна организација. Амамот во основа е правоаголен објект, изграден со масивни уидови од грубо обработен камен и тули. Како покривни конструкции се употребени сводови куполи со различни димензи, се што е оформена разиграна петта фасада која му дава особена привлечност на објектот.

Куполите се изадигнати на осмоаголни тамбури прекриени со турска ќерамида и кратка профилирана стреа од камен. Амамот е од типот на единечни објекти со една програма на простории т.е. нема одвојување на посебни делови во кои се капале мажите и жените. Организацијата набнатрешниот простор на амамот е последница и меѓусебна услевеност од неговата функција. Од тоа произлегуват три главни делови на амамот : 1.простор за одмор и разговор ; 2. Соблекувална и 3. Топол простор за бањање. Првата просторија шадрван сала, служела за адаптација на внатрешната температура, одмор и разговор. Тоа е простор засведен со купола, која ја носат декоративно обработени пандантифи. Од овој простор, преку три отвори се влегува во втората просторија т.н. капалук, наменет за подготква за капење, адаптација на телото кон повиосока температура. Тоа правоаголен простор засведен со две мали куполи поставени на пандантиффи лаци кои це декоративни обработени со редови од тули. Следниот простор е халвет, бања, кој служел за капење. Тоа е квадратен простор засведен со купола поставена на пандатифи е перфорирана со низа од 16 отвори во форма на ѕвезди, кои зенитно го осветлувале просторот. .

Во аглите на хелветот, лево и десно, има две мали простори жешки хелвети, кои служеле за капење на повисока температура. Покрај ѕидовите се наоѓале поплочени восвишенија за седење, околу мермерните корита курни, со топла и ладна вода. Овие простори се засведени со помали куполи перфорирани се по осум квадратни oтвори распоредени концентрично околу темеињата. Од северната страна на објектот бил сместен резервеарот за вода наречен хазна, и ложиштето-ќулхан. За овие простории има посебен влез од северната страна. И покрај извршените интервенции во разлицни временски периоди, објектот ја има сочувано својата автентична градежна форма. Со последната конзервација изведена од Националниот конзерваторски центар, а потпомогната од Програмата на “ Амбасдорскиот фонд ” при Американската амбасада во Република Македонија, во 2005-07 година, просторот е адаптиран во уметничка галерија, се што амамот доби нов современ третман кој овозможува објектот повторно да ожибее и да биде центар на културните збиднувања во градот. .

Стаф

стапи во контакт со вработените
Arbenita Meta
'.esc_attr__('image', 'camelia').'
Fotograf
Nuran Iljas
'.esc_attr__('image', 'camelia').'
Bibliotek
Berlinda Amiti
'.esc_attr__('image', 'camelia').'
Grafik Dizajn