Илир Куртиши е новиот именуван директор на Н.У. Уметничка Галерија Тетово

Илир Куртиши е новиот именуван директор на Н.У. Уметничка Галерија Тетово.

Куртиши е професионален кадар со истакнато и адекватно работно искуство.

Илир Куртиши е роден на 1977 год. во с. Камењане – Тетово, каде завршил основното училиште а средното образование го завршил во Гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Дипломиран е на Филозовскиот Факултет отсек Историја на уметност и археологија при Универзитетот на Кирил и Методиј – Скопје.

Работел во Управа за заштита на културното наследство во Скопје, во Секретаријат за Спроведување на Рамковниот Договор и Секретаријат за Европски Прашања исто така во Скопје.

Учествувал во многу бројни археолошки проекти во Република Северна Македонија.