Во Уметничката Галерија „Вилсон Килица“ во Фиер, се изложени„25 уметнички дела од колекцијата на Н.У. Уметничка Галерија-Тетово“.

Во Уметничката Галерија „Вилсон Килица“ во Фиер, за првпат е претставен првиот меѓународен проект од ваков формат „25 уметнички дела од колекцијата на Н.У. Уметничка Галерија-Тетово“.
Иницирање на проектот „Претставување на 25 дела од колекцијата на Уметничката Галерија- Тетово“ од директорот г. Илир Куртиши преовлада во петок (08.09.2023) во просториите на Уметничката Галерија „Вилсон Килица“ во Фиер, Република Албанија.
Со различни теми, техники и формати, сликите открија широк и разновиден хоризонт на домашни и меѓународни уметници, уметнички дела кои се дел од богатството на Уметничката Галерија на Тетово и културното богатство на Република Северна Македонија.
Учествуваат уметниците: Агрон Половина, Нехат Беќири, Невзат Бејтули Кица, Анастас Констандини Тасо, Омер Калеши, Павле Кузмановски, Мустафа Арапи, Константин Миглиорини, Диетер Кунз, Сефедин Стафа, Жарко Јакимовски, Хелидон Халити, Ката Рудакова, Заим Елези, Хајруш Фазлиу, Нора Халими, Валентина Илијевска, Дренуша Палоши и Емине Јилдирим.
На отворањето на изложбата,одржа говор домаќинката г-ѓа. Еленсиа Пелоли -директорка на Уметничката Галерија „Вилсон Килица“-Фиер, која истакна дека за прв пат во историјата на оваа Галерија, со задоволство ги претставува избраните парчиња од колекцијата на Уметничката Галерија од Тетово. Таа понатаму нагласи дека оваа колекција се состои од 25 уметнички дела реализирани претежно од ликовните колонии, колекција која ги претставува некои од најзначајните ликовни уметници на Република Албанија, Република Северна Македонија, Република Косово од регионот и пошироко. Оваа колекција е донесена пред јавноста и љубителите на уметноста на градот Фиер со цел да ги промовира неговите уметнички вредности и значење. Реализацијата на овие изложби се совпаѓа со рушењето на формалните граници за конгломератниот национален уметнички развој за да се надеваме дека уметноста и културата несомнено се едни од најважните промотори на оваа политика.
Додека, г.дин Илир Куртиши, директорот на Уметничката Галерија Тетово, во своето излагање и се заблагодари на директорката на Галеријата „Вилсон Килица“ Фиер, г.ѓа Еленсија Пелоли, за покажаната подготвеност и посветеност за организацијата на овој заеднички настан за промоција и афирмирање на нашата заедничка уметност и култура, како и присутните кои ја почестија оваа активност и истакнаа дека на оваа изложба направивме избор од нашата богата колекција на Тетовската Уметничка Галерија со 19 автори и 25 уметнички дела беа претставени во Галеријата „Вислон Килица“ во градот Фиер.
Понатаму г. Куртиши истакна дека соработката од ваков карактер ќе продолжи и во иднина за промоција и афирмација на културното наследство на двете земји. Во исто време, овoj начин на промоција ги подигнува културните и уметничките вредности на двете држави.
Отворањето на изложбата со своето присуство го почести познатиот сликар г-дин Хелидон Халити, албанскиот маестро за мозаици, единствениот уметник во светот кој носи 11 Гинисови рекорди, г-дин Саимир Страти, маестро на фигурација проф. Хајруш Фазлиу како и личности од јавниот и културниот живот од градот Фиер и пошироко.
Во меѓувреме, директорот г. Илир Куртиши ја предводеше делегацијата на Тетовската Уметничка Галерија составена од ликовниот кустос г. Африм Зибери и г.ѓа Арбенита Мета од секторот на фотографија и односи со јавноста.
Изложбата предизвика голем интерес кај јавноста од градот Фиер и пошироко, што резултираше со посета на голем број посетители и многу позитивни критики од стручните лица присутни на отворањето на овој настан, за оваа благодарност и охрабрување, проекти од ваков карактер и други, ќе продолжиме и во иднина да ја реализираме промоцијата и афирмацијата на културното наследство на нашиот град и на Република Северна Македонија.
Кустос на проектот: Африм Зибери
ПР и фотографии: Арбенита Мета