Денеска во просториите на О.О.У. „Лирија“ во Тетово беа изложени цртежите креирани од деца со посебни потреби кои беа реализирани во рамките на ликовната работилница
курирана од г. Бехар Ферати, кустос советник на Н.У. Уметничка Галерија Тетово.
Овој културно-социјален проект, сега веќе традиционален, кој се реализира како дел од годишниот план на Н.У. Уметничка Галерија Тетово посветена на децата со посебни потреби беше завршен во рок од (пет) 5 дена, каде на децата им беа подарени ташни, материјали за цртање и сликање како и други подароци.
Работилницата „И ние сме уметници“ финансиски поддржана од Министерството за Култура на Република Северна Македонија во соработка со О.О.У. „Лирија“ Тетово се реализира пет години по ред и има за цел да ги отстрани предрасудите и да ги поттикне децата со посебни потреби, со цел и тие да се чувствуваат како уметници во областа на визуелната уметност. Овој проект им помага на децата да креираат врска помеѓу она што го создаваат и она што го постигнале.
Директорката на Н.У. Уметничка Галерија Тетово г-ѓа. Арбенита Мета во својот говор истакна дека Уметничка Галерија Тетово ќе продолжи целосно да ги поддржува лицата со посебни потреби и секогаш ќе ја поддржува нивната целосна интеграција во општеството. Исто така, директорката на Галеријата, г-ѓа.Арбенита Мета, им додели пофалници на учениците учесници на ликовната работилница „И ние сме уметници“ и во знак на благодарност за одличната соработка им додели благодарници и на наставниците од Ресурсниот центар О.О.У. „Лирија“ Тетово за нивната неуморна работа.
Присутна на оваа изложба беше и директорката на О.О.У. „Лирија“ Тетово, г-ѓа. Фарије Идризи Касами, која упати честититки и благодарност до Н.У. Уметничка Галерија Тетово за заедничкатa организација и реализација на проектот „И ние сме уметници“.
Овој сега веќе традиционален проект во Уметничката Галерија во Тетово помага да се рушат општествените бариери каде што различноста не треба да се смета за пречка, а меѓучовечките врски треба да бидат безусловни.
Ликовната работилница „И ние сме уметници“ беше заокружена со изложба на која беа изложени делата на учениците креирани при реализацијата на овој проект.