Колективна изложба со графики насловена „Extraordinary“ на тројца графичари: Астрит Реџепи, Берат Беќири и Илбер Даути. 17.11.2023

Вечерва во Уметничката Галерија во Тетово се одржа свеченото отворање на изложбата “Extraordinary” со графики во минијатурен формат на тројца графичари од градот Тетово: Астрит Реџепи, Берат Беќири и Илбер Даути.
40 графички дела во минијатурен формат кои беа претставени пред љубителите на уметноста опфаќат сите фигуративни елементи на добрата композиција, совршен баланс на бои и детали наменети да ја рефлектираат светлината, покажувајќи стандард на мајсторство на графичките техники и експериментирање со монотип во акварел.
Делата ги поместуваат границите на традиционалните уметнички форми и ги предизвикуваат конвенционалните норми, но графичарите го одржуваат својот однос со времето и историјата каде преку дела испечатени на хартија внесуваат интерпретација на теми со елементи од националната традиција.
Деталите од старите врати, корените на дрвјата, слоевите почва и карпите што се рефлектираат во овие уметнички композиции ја пренесуваат пораката дека за да ја изградиме иднината, мора да го заштитиме минатото, напишана во вовед – теткстот на каталогот од кустосот на Н.У. Уметничка Галерија Тетово, Шега Мемети.
Графичарот и професор по уметност Илбер Даути, и еден од авторите на оваа изложба, им се заблагодари на присутните кои постојано ги почитуваат и следат нивните изложби, исто така и на тимот на Н.У. Уметничка Галерија – Тетово за одличната соработка при организацијата и реализацијата на овој заеднички проект.
Додека, изложбата свечено ја отвори В.Д. Директорката на Уметничка Галерија, г-ѓа. Арбенита Мета, која во своето излагање, им се заблагодари на авторите на изложбата Астрит Реџепи, Берат Беќири и Илбер Даути за одличната соработка и достоинствено реализирање на изложбата.