Реализација на проектот „Тетово е убава, остани, не бегај“

Уметничката галерија И.Н Тетово ја започна реализацијата на проектот „Тетово е убава, остани, не бегај“. Овој проект одобрен од Министерството за култура ќе се реализира на улица Маршал Тито кај мостот на влезот во градот Тетово.Формата за реализација на овој проект ќе биде во форма на мурал со димензии 3,4 x 3.6.З За изработката на муралот, комисијата при Уметничка галерија одлучила за скицата на уметничката од Косово, Мимоза Рраци.
Кустос: Беса Мурати
Фото: Бесник Муслиу