Отворање на „МЕЃУНАРОДНА УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА 2023“

Н.У. Уметничка Галерија- Тетово ја започнува големата манифестација

со отворањето на личната изложба на сликарката Теута Хоџа Имери.
Од денеска, 30 јуни до 4 јули, во просториите на хотел „Скардус“ во Попова Шапка ќе се одржи 14-тото издание на Ликовната колонија. Нашата галерија со неуморна посветеност на директоротг-дин Илир Куртиши, вработените и поддршката на Министерството за Култура овозможија да се реализираат сите проекти, додека Галеријата веќе 14 години ја организира традиционалната манифестација Меѓународната Уметничка Колонија. за 14. Овој голем настан, кој се организира неколку години по ред , беше отворен во просторите на Уметничката Галерија-Тетово, каде беа присутни еминентни имиња од областа на уметноста, културата, музиката, бизнисот и образованието. Оваа година на Меѓународната Уметничка Колонија учествуваат 21 уметници од различни земји како: Северна Македонија, Косово и Албанија. Целта на колонијата е секоја година да собира еминентни уметници од регионот и од други земји, каде уметниците ќе се инспирираат од убавините на Шар Планина и нејзините ресурси, каде што ќе го креираат уметничкото дело што ќе влијае на сознанието и заедничкото создавањето. Во текот на овие денови уметниците учесници на Уметничката Колонија ќе насликаат две дела со различни мотиви и сликарски техники кои ќе бидат изложени во просторите на Галеријата за Визуелни Уметности во Тетово. Уметници од различни земји ќе престојуваат од 30.06.2023 до 04.07.2023 година. Директорот на Уметничката Галерија-Тетово г-дин Илир Куртиши ги поздрави присутните и срдечно ги пречека уметниците кои се дојдени од различни земји, посакувајќи им добар почеток. Исто така, директорот на Уметничката Галерија истакна дека оваа културна манифестација е важна и ни овозможува размена на идеи и различни култури. Домаќините на овој настан беа почестени од директорката на Националната Галерија Скопје, г-ѓа Дита Старова, која ги поздрави присутните и истакна дека изложбата со наслов „Игра без граници“ на Теута Хоџа Имери претставува едно лично патување на уметничката, изразено во форма на графика. Државниот секретар во Министерството за Култура г-дин Валмир Азири ги поздрави присутните и воедно го најави отворањето на Меѓународната Уметничка Колонија 2023.
Уметничка Галерија- Тетово на уметниците учесници им посакува добар почеток и пријатни моменти за време на Колонијата.