Отворање на колективната изложба “Уметничка Колонија 2023”

Н.У. Галеријата за Визуелни Уметности успешно го заврши 14-тото издание на традиционалната меѓународна манифестација „Уметничка Колонија 2023“.
Вечерва во Уметничката Галерија во Тетово беше отворена Колективната изложба, која традиционално се организира во рамките на меѓународната манифестација Уметничка Колонија 2023 година.
Годинава Уметничката Колонија се одржа во туристичкиот центар “Попова Шапка” во хотел „Скардус“, каде уметниците создадоа дела со различни техники, инспирирани од убавините на Шар Планина
Главен и завршен говор на овој настан имаше директорот на Уметничката Галерија во Тетово, г. Илир Куртиши кој му се заблагодари на Министерството за Култура на Р.С.М, на вработените во Галеријата, на уметниците учесници и на медиумите кои присуствуваа на настанот.
Тој го истакна и значењето на овој настан за културниот живот на градот Тетово како и подигањето на вредноста на нашата галерија преку збогатување на нејзиниот фонд co уметнички дела од скапоцена вредност. Овој настан го поздрави и заменикот на собранието на Р.С.М г-дин Бајрам Кадрија, кој им се заблагодари на директорот,вработените и Министерството за Култура за поддршката на овој многу важен настан.
Во име на уметниците учесници, познатиот сликар г. Фехми Хоџа кој им се заблагодари на директорот на Уметничката Галерија г-дин Илир Куртиши како и на сите учесници за убавите мигови поминати деновиве.
На овој голем настан беа изложени дела од различни техники со различни теми и пораки.
Дел од овој настан беше и државниот секретар на Министерството за Култура, г-дин Валмир Азири.
Им благодариме на сите уметници учесници: Валмир Азири, Шќипоња Ахмеди, Беган Деари, Јасмина Крстоска. Лулзиме Османи, Дренуша Палоши, Илбер Даути, Фатлон Ибиши, Фехми Хоџа, Амире Демоли, Ветон Гусија, Зана Рамадани, Мјелма Горанци Фирзи, Елена Драгуша, Теута Имери, Фатос Биликбаши, Микел Темо, Хелидон Халити и Бајрам Кадрија кои беа дел од овој настан, а ги покануваме сите граѓани љубители на уметноста да ја посетат изложбата „Уметничка Колонија“ 2023, која ќе биде отворена 10 дена во Галеријата.
Кустос на Меѓународната Уметничка Колонија: Бехар Ферати
Фотограф:
Арбенита Мета и Бесник Муслиу